Дома Фудбал Репрезентации Јохансон му одговори на Бонучи: Може да зборува што сака!

Јохансон му одговори на Бонучи: Може да зборува што сака!

italy

Шведска во вчерашниот натпревар во Стокхолм ја совлада Италија со 1:0 во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство.

Швеѓаните ја искористија предноста на домашниот терен и остварија одличен реванш пред реваншот во Милано.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голот на одлука го постигна Јакоб Јохансон во 61 минута од средбата, а во игра влезе само четири минути претходно.

Леонардо Бонучи подоцна ја критикуваше тактиката на Швеѓаните, но Јохансон не го интересира што зборуваат Италијанците.

„Може да зборува што сака. За мене ова беше добар натпревар во секој поглед и се надевам дека ќе одиграме на ова ниво и во реваншот“, изјави Јохансон и додаде:

„Се обидов да дојдам до добра позиција при шутот, топката го погоди Де Роси и така заврши во мрежата. Тоа беше големо славје, атмосферата на стадионот беше фантастична“, заврши стрелецот на победничкиот погодок.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…