Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ шоу во НБА: Нов трипл-дабл, асистенција самиот на себе и додавање преку целиот терен! (ВИДЕО)

Јокиќ шоу во НБА: Нов трипл-дабл, асистенција самиот на себе и додавање преку целиот терен! (ВИДЕО)

Како игра Никола Јокиќ ќе биде навистина неправда ако не биде изгласан за „Ол-Стар“ натпреварот (19-ти февруари).

Јокиќ блесна и против Клиперси, запиша нов трипл-дабл – 18 поени, 10 асистенции, 14 скокови, за него веќе петти оваа сезона, а 21-ви во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Посебно Јокиќ воодушеви со асистенцијата самиот себе, но и со асистенцијата преку целиот терен.

Денвер до 28-та победа во сезоната стигна со силен ритам уште од стартот, па гостите скоро и да немаа шанси. Лу Вилијамс со 19 поени беше најефикасен кај гостите, Галинари додаде 18 колку и Херис, додека Херел уфрли 16.

Кај Денвер шестмина играчи беа на двоцифрен поентерски учинок и тоа е една од главните причини за доминацијата на лидерот на Западот и третиот најуспешен тим во лигата оваа сезона.

Џамал Мареј се истакна со 23 поени, одлично соработуваше со Јокиќ на кој може да му се заблагодари за третина од поените. Пламил натпреварот го заврши со 17 поени за само 20 минути, Бизли додаде 15, а Морис и Крејг запишаа по 14.

https://youtu.be/hKMeMFwq5FY

https://www.youtube.com/watch?v=eGOvSZX35vo

НБА резултати:

Мајами – Бостон 115:99

Денвер – Лос Анџелес Клиперс 121:100

Сан Антонио – Оклахома 154:147 (после продолженија)

Сакраменто – Деторит 112:102

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…