Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ стигна до трипл-дабл, па беше исклучен, Дончиќ и Далас до победа 🎥

Јокиќ стигна до трипл-дабл, па беше исклучен, Дончиќ и Далас до победа 🎥

Кошаркарите на Денвер изминатата ноќ на свој паркет славеа против Мајами Хит со 113:96.

Денвер успеа без проблеми да дојде до победата затоа што од почетокот имаа предност која не ја испуштија до самиот крај. Домаќините после првата четвртина водеа со 30:25, а во втората четвртина значително ја зголемија предноста и на полувреме заминаа со резултат 64:49. На крајот Нагетси славеа со 113:96.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најефикасен кај Денвер беше Бартон со 25 поени, повторно одличен беше и Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл со 23 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Сепак, српскиот кошаркар порано го заврши мечот затоа што беше исклучен после судирот со Морис. Кошаркарот на Мајами го фаулираше Јокиќ, па Србинот тргна да се пресметува и доби исклучување.

Кога во прашање е гостинската екипа најефикасен беше Батлер со 31 поени, 8 асистенции и 5 скокови.

Од останатите резултати се издвојува победата на ЛА Лејкерси против Шарлот Хорнетс од 126:123. Нова победа запиша и Далас и тоа против Пеликанс со 108:92. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 25 поени, 5 скокови и 5 асистенции.

Чикаго Булс пред своите навивачи славеа против Бруклин Нетс со 119:95, додека Феникс Санс на гости беа подобри од Сакраменто со 109:104.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн спремаат тренерска трампа

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен може  да направат смена на тренерите Ерик тен Хаг и Тома…