Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со нов страшен настап испиша историја, вакво нешто не му успеало на никој 🎥

Јокиќ со нов страшен настап испиша историја, вакво нешто не му успеало на никој 🎥

Никола Јокиќ продолжува со одличните настапи во НБА лигата. Српскиот центар го предводеше Денвер до нова победа кој во два дена повторно славеше против Детроит сега со 110:105.

На Јокиќ му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл. За 34 минути на теренот Јокиќ уфрли 28 поени, запиша 21 скок и подели девет асистенции. Јокиќ сезонава осми пат постигнува по 20 поени и скокови и во тој сегмент е лидер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така тој е првиот играч во историјата кој во првите 500 натпревари во најсилната лига во светот стигнал до повеќе од 5000 скокови и 3000 асистенции. На Јокиќ тоа му успеа во 494 натпревари.

Клиперси успеаа да се вратат од -35 и да слават против Вашингтон со 115:116. Херојт на Клиперси беше Лук Кенард кој погоди тројка од 10 метри за 112:115. Мечот го заврши 25 поени, осум скока и 6 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Денвер 105: 110

Филаделфија – Њу Орлеанс 117:107

Торонто – Шарлот 125: 113

Вашингтон – ЛА Клиперс 115:116

Бостон – Сакраменто 128:75

Бруклин – ЛА Лејкерс 96:106

Хјустон – Сан Антонио 104:134

Голден Стејт – Далас 130:92

Портланд – Минесота 107:109

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Борусија посвети специјална објава за маестралниот Санчо: Му должите извинување!

Борусија Дортмунд вчера оствари минимална победа во полуфиналето од Лигата на шампионите, …