Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со дабл-дабл го водеше Денвер до победа против Клиперси 🎥

Јокиќ со дабл-дабл го водеше Денвер до победа против Клиперси 🎥

Изминатата ноќ беа одиграни осум натпревари во НБА лигата која и понатаму се бори со инфекциите од Ковид-19.

Во еден од најинтересните натпревари вчера Денвер успеа да слави кај ЛА Клиперси со 103:100 и така ја прекина кратката црна серија од два порази во низа. Одличен во победата на Денвер беше Никола Јокиќ кој забележа дабл-дабл од 26 поени и 22 скока. Покрај тоа српскиот кошаркар имаше уште осум асистенции, две украдени топки и две блокади.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филаделфија на Истокот забележа победа против Вашингтон од 117:96. Ембид беше на ниво со 36 поени и 13 скока. Четвтртопласираниот тим на истокот Мајами славеше против Орландо 93:83 во дербито на Флорида.

НБА РЕЗУЛТАТИ:   

Мајами – Орландо – 93:83

Кливленд – Торонто – 144:99

Вашингтон – Филаделфија – 96:117

Сакраменто – Мемфис – 102:127

Оклахома Сити – Њу Орлеанс – 117:112

Сан Антонио – Детроит – 144:109

Чикаго – Индијана – 113:105

ЛА Клиперс – Денвер – 100:103

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …