Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ го доби МВП признанието во конференциското финале во кое неговиот Денвер славеше со 4:0 против Лејкерс.
На прес-конференцијата Јокиќ беше запрашан дали е во комуникација со Ѓоковиќ кој го очекува настап на Ролан Гарос, додека тој ќе игра финале во НБА. Двајцата се во позиција да освојат големи пехари и на најдобар начин да ја промовираат нивната земја, сепак Јокиќ беше скромен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Искрено, го немам неговиот број. Тоа е човек кој ја претставува Србија на многу поголема сцена. Станува збор за голем амбасадор и пример за децата во Србија, не само на теренот туку и поради тоа што го прави со својата Фондација. Новак е еден пример и јас сакам да сум како него, тој прави нешто голема за цела Србија, за сите…Ние двајца не можеме ниту да се споредуваме“, изјави скромниот Јокиќ.