Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ „растури“ со 40 поени, Дончиќ беше добар, но кога Кари е расположен паѓаат рекорди! (ВИДЕО)

Јокиќ „растури“ со 40 поени, Дончиќ беше добар, но кога Кари е расположен паѓаат рекорди! (ВИДЕО)

jokic

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа четири натпревари.

Актуелниот шампион Голден Стејт славеше на гостински терен кај Далас Маверикс со 114:119, а очекувано најистакнати во двата тима беа Стеф Кари и Лука Дончиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дончиќ ги предводеше Маверикс со 26 поени (шут од игра 8/19, тројки 5/10), шест скокови, пет асистенции и една украдена топка.

Меѓутоа Словенецот беше засенет од еден од најдобрите играчи во НБА во последните години.

Стеф Кари постигна 48 поени, 17/32 од игра. При тоа уфрли 11 тројки од 19 обиди. Така постави рекорд во најсилната кошаркарска лига: 12 натпревари во кариерата10 или повеќе тројки.

Исторскиот настап Кари го заокружи со шест скокови, пет асистенции, две блокади и една украдена топка.

https://www.youtube.com/watch?v=LPvGVVe_c1g

Никола Јокиќ во натпреварот помеѓу Денвер и Портланд го одигра еден од најдобрите натпревари од кога е во НБА. Српскиот кошаркар во победата на Денвер од 116:113 уфрли 40 поени, а покрај тоа додаде десет скокови и осум асистенции.

На спротивната страна најефикасен беше Демиан Лилард со 26 поени.

Eдно од најголемите изненадување во текот на досегашната сезона го направи Кливленд кој на гостински терен го совлада Лејкерси со 95:101.

На Лејкерси не им помогна ниту тоа што ги имаа двата најефикасни играчи натпреварот, Кузма (29) и Инграм (22), кај Кливленд поентерски најрасположен беше Осман кој уфрли 20 поени.

НБА резултати:

Орландо – Хјустон 116:109

Далас – Голден Стејт 114:119

Денвер – Портланд 116:113

Лос Анџелес Лејкерс 95:101

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…