Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ продолжува да поместува граници: Го надмина и Шекил O’Нил, Барклу му се поклони

Јокиќ продолжува да поместува граници: Го надмина и Шекил O’Нил, Барклу му се поклони

Никола Јокиќ повторно е главна тема во НБА-лигата поради одличниот настап во вториот меч против Феникс санс, кога постигна 39 поени, 16 скокови и пет асистенции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јокиќ е еден од кошаркарите кои во плејофот имале најмалку 30 поени, 15 скокови и пет асистенции, заедно со Карим Абдул-Џабар и Шекил О’Нил.

Ова на српскиот кошаркар му беше 11. меч со такво постигнување и го надмина легендарниот Шекил, по што Чарлс Баркли му се поклони за успехот.

„Ајде да уживаме во неверојатната игра на Јокиќ. Изгледа како добро момче, иако не го знам. Уживам додека го гледам“, кажа Баркли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…