Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ повторно испиша историја: Ваква сезона немал ниту еден друг играч во НБА!

Јокиќ повторно испиша историја: Ваква сезона немал ниту еден друг играч во НБА!

Регуларниот дел во сезоната во НБА лигата заврши, па сега се собираат впечатоците од изминатите 82 натпревари.

Никола Јокиќ и сезонава е главен фаворит за МВП трофејот бидејќи зад себе има уште една неверојатна сезона. Центарот на Денвер е втор најдобар играч по асистенции во лигата со 709, трет скокач со 976, петти најдобар стрелец со 2.085 поени и осми во конкуренција на украдени топки (108).


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Така Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој успеал сезоната да ја заврши во топ 10 во сите четири статистички категории.

Вкупно во сезоната Јокиќ одигра 79 натпревари со просек од 26.4 поени по натпревар, 12.4 скока, 9 асистенции и 1.4 украдени топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…