Тимот на Денвер стигна до водство во финалето на Западната конференција откако го доби првиот меч против ЛА Лејкерс со 132:126.
До победата Денвер стигна благодарение на Никола Јокиќ кој уште еднаш потврди дека игра во фантастична форма во плеј-офот. Победата Денвер ја најави по самиот старт кога по првата четвртина поведе со 30:14. До највисоката предност тимот од Коларадо стигна во третата четвртина (78:58).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не се откажаа Лејкерс по таа висока негатива и се обидоа да се вратат и на двапати стигнуваа до „минус три“. Сепак, домаќините не дозволија да ја прокоцкаат предноста која ја создаваа во текот на целиот натпревар.
Јокиќ беше првата ѕвезда и во овој натпревар кај Денвер па така натпреварот го заврши со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции. Солиден настап имаше и Џамал Мареј со 31 поен.
За српскиот кошаркар ова е негов шести во плеј-офот и потребен му е само еден да се израмни со Вилт Чемберлен кој во 1967 година на седум средби во доигрувањето имаше двоцифирен број во три категории.
Во редовите на Лејкерс до дабл-дабл стигна Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скока, Леброн Џејмс уфрли 26 поени додавајќи 12 скока и девет асистенции.