Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ не запира: Го предводеше Далас со уште еден трипл-дабл 🎥

Дончиќ не запира: Го предводеше Далас со уште еден трипл-дабл 🎥

Во изминатата вечер кошаркарите на Далас славеа победа против Хјустон со 129:114, а уште еден одличен натпревар одигра Словенецот Лука Дончиќ.

Дончиќ кој претходно забележа страшен трипл-дабл со 60 постигнати поени, сега повторно беше најдобар во својот тим со 35 поени, 12 скока и 13 асистенции.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Кај Хјустон кој го доживеа седмиот пораз на последните осум натпревари се истакнаа Џејлен Грин со 23 и Кевин Портер со 17 поени.

Бостон дома беше убедлив против Клиперси со 116:110, предводени од Татум и Браун со по 29 поени.

Кошаркарите на Шарлот дома беа подобри од Оклахома со 121:113 и така ја остварија третата победа во последните 14 натпревари. Ламело Бол ги предводеше Хорнетс со 27 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Оклахома 121:113

Индијана – Кливленд 135:126

Бостон – ЛА Клиперс 116:110

Торонто – Мемфис 106:119

Сан Антонио – Њујорк 122:115

Далас – Хјустон 129:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Еве каде е и што прави Јокиќ додека цела Србија ја чека неговата одлука 📸

Најдобриот НБА кошаркар Никола Јокиќ го заврши својот настап во НБА лигата со поразот во п…