Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ немоќен да помогне, Сан Антонио води против Денвер, Вориорси им се реваншираа на Клиперси (ВИДЕО)

Јокиќ немоќен да помогне, Сан Антонио води против Денвер, Вориорси им се реваншираа на Клиперси (ВИДЕО)

Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни три натпревари од првата рунда во плејофот. На западот силите ги одмерија Сан Антонио Спарс – Денвер и Лос Анџелес Клиперси и Голден Стејт. Кога е истокот во прашање играа Бруклин и Филаделфија.

Без оглед што плејофот го дочекаа на седмата позиција Сан Антонио Спарс е екипа која може да игра со секако и тоа го почуствува Денвер.
Спарси славеа на свој терен во третиот натпревар (118:108) и поведоа со 2:1 во серијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тие подобро го отворија натпреварот, а Наџентси најдобриот период од играта го имаа во втората четвртина. Сепак тоа не беше доволно за да слават против тимот на Попович кој во последната четвртина имаше +20 и беше јасно дека ќе слават убедлива победа.

До победата ги предводеше Дерик Вајт, плејмејкерот кој оваа сезона доби голема шанса поради повредата на Дејонте Мареј. Вајт постави рекорд во кариерата и постигна 36 поени.

Демар Дерозан уфрли 25 поени, додека Лемаркус Олдриџ запиша дабл-дабл со 18 поени и 11 скокови.

Кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 22 поени.

https://youtu.be/u4PqsI_9ctI

Голден Стејт се реваншираа на Лос Анџелес Клиперси за големиот пресврт и победата во вториот натпревар, Вориорсите на гостувањето во „Стејплс центарот“ славеа со 132:105.

На овој начин актуелниот НБА шампион стигна до водство од 2:1 во серијата.

Вориорси беа подобри од самиот почеток на натпреварот и нивнатап обеда ниту еден момент не беше доведена во прашања.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кевин Дурант со 38 поени, додека Стеф Кари додаде 21 поен. Кај Клиперси најмноги поени постигна Ивица Зубац кој стигна до дабл-дабл учинок од 18 поени и 15 скокови. Лу Вилијамс уфрли 16, а Грен и Харел по 15.

https://youtu.be/x-E2Kfd4Bn8

Лесна гостинска победа запиша Филаделфија која со 131:115 славеше против Бруклин и поведе со 2:1 во серијата.

Филаделфија до победата беше предводена од Бен Симонс кој уфрли 31 поен, додека Тобијас Херис натпреварот го заврши со 29 поени и 16 скокови. Кај Нетси најрасположени беа Расел и Леверт со по 26 постигнати поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…