Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ на чекор од трипл-дабл, одличниот Дончиќ не беше доволен за Далас (ВИДЕО)

Јокиќ на чекор од трипл-дабл, одличниот Дончиќ не беше доволен за Далас (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 12 натпревари.

Кошаркарите на Денвер убедливо славеа против Сан Антонио Сапарс и на најдобар начин се вратија после поразот од Голден Стејт еден ден претходно. Наџентси славеа пред своите навивачи со 113:185.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Никола Јокиќ беше најефикасен кај Денвер и до нов трипл-дабл го делеше само една асистенција. Српскиот кошаркар натпреварот го заврши со 20 поени, 11 скокови и 9 асистенци со само едно промашување од игра 9/10 и 0/1 за три поени.

https://youtu.be/zfL6FW9kL60

Клучниот период од овој натпревар беше втората четвртина во која Денвер постигна 33 поени, а Спарсите само 19 и до крајот само ја зголемуваа таа предност.

На тоа влијаеше можеби и исклучувањето на Грег Поповиќ во првата четвртина и тоа после само 63 секунди.

Минесота на гостувањето во Далас до победа дојде со резултат 110:108. Минесота подолг период од натпреварот имаше водство, но на крајот се беше решено во самиот финиш.

На една минута пред крајот Лука Дончиќ промаши шут за три при резултат 106:106, после што Таунс ја доведе во предност Минесота.

Дончиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл, 27 поени, 12 скокови и 6 асистенции со шут од игра 11 од 21 и два од осум за три поени. Двајт Пауел уфрли 25 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Индијана 89:108

Орландо – Њујорк 114:100

Вашингтон – Чикаго 114:115

Атланта – Филаделфија 130:122

Бруклин – Торонто 105:115

Мајами – Бостон 102:112

Њу Орлеанс – Шарлот 109:115

Далас – Минесота 108:110

Денвер – Сан Антонио 113:85

Портланд – Мемфис 116:89

Феникс – Јута 97:118

ЛА Клиперс – Хјустон 103:135

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Официјално: Заминува еден од најбараните тренери!

Тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби (44) ќе го напушти овој клуб на крајот од актуелната…