Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ маестрален, но не беше доволен за победа, Клиперси водат, шампионот ќе се бори „мајсторка“ ?

Јокиќ маестрален, но не беше доволен за победа, Клиперси водат, шампионот ќе се бори „мајсторка“ ?

Во изминатата вечер во НБА гледавме одлична кошарка.

Денвер неколку пати имаше двоцифрена предност, изгледаше дека Клиперси пронајдеа решение, а потоа ривалот заигра страшна одбрана. Клиперси стигнаа на само два поени во последните четири минути, го свртија резултат и поведоа со 2:1 во серијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Џорџ уфрли 32 поени и додаде уште 4 скока и исто толку асистенции. Каваи Ленард додаде 23, имаше 14 скока и 6 асистенции…

Никола Јокиќ одигра три одлични четвртини, погодуваше тројки, делеше асистенции…На крајот натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скокови и 8 асистенции. Мајкл Портер додаде 18 поени и 10 скокови. За победа на Денвер потребен беше подобар Мареј кој Клиперси го запреа на 14 поени.

Селтикси ја вратија контролата над серијата и успеаа да го добијат важниот петти меч против шампионот (3:2). Одиграа одлично полувреме го спуштија ривалот на 35 поени во првите две четвртини. На паузата беше 62:35. Тогаш беше јасно дека Торонто тешко ќе се врати, па Бред Стивенс можеше да ги одмори силите.

Браун уфрли 27 поени, Кемба Вокер 21, шест играчи на Селтикси беа двоцифрени, Тејтум уфрли 18, но имаше послаб шут, исто толку уфрли и Ван Влет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…