Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ „кошгетерски“ потфрли, Голден Стејт испушти +13, Харден броеше до 58! (ВИДЕО)

Јокиќ „кошгетерски“ потфрли, Голден Стејт испушти +13, Харден броеше до 58! (ВИДЕО)

jokic

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Тимот на српскиот кошаркар, Никола Јокиќ Денвер запиша пораз во натпреварот против Јута. Јокиќ беше блиску до нов трипл-дабл во НБА лигата, но Јута го победи Денвер со резултат 111:104.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На Наџентси им недостасуваа повеќе поени на Србинот кој за 32 минути уфрли само 16. Притоа имаше уште 16 поени и седум асистенции. За Јокиќ ова беше трет најслаб настап гледајќи ги поените во 2019 година. Претходно на 2 февруари имаше 13, а два дена подоцна против Детроит 16.

Џамал Мареј и Вили Бартон беа најефикасни во редовите на Денвер со 21 поен, Бартон додаде и 13 скокови. Милисап имаше 15, а Пламли 11 поени и девет скокови.

Донован Мичел со 24 поени и осум скокови ја предводеше Јута до триумф. Корвер имаше 22, Гобер 16 и осум скокови, додека Инглес и Фејвеор остварија дабл-дабл учинок. Првиот имаше 15 поени и 10 асистенции, вториот 15 и 11 скокови.

https://youtu.be/_X88_k-rhOQ

Голден Стејт го запишаа вториот пораз во низа во НБА лигата, овој пат од Орландо. Домаќините славеа со резултат 103.96. Орландо имаше водство во текот на целото прво полувреме, но Вориорсите на половината на третата четвртина ја превземаа предноста.

Предноста на гостите одеше и до +13, додека во последните четвртина влегоа со предност од 81:70. Меѓутоа Орландо успеа да се врати и во самиот финиш го превзема водството.

Гордон беше најдобриот поединец кај Орландо со 22 поени и 15 скокови. Дабл-дабл имаше и Вучевиќ – 12 поени и 13 скокови. Кај Вориорси најефикасни беа Томпсон и Коусинс кои постигнаа по 21.

Треба да се истакне дека Вориорси во овој натпревар го одмараа Кевин Дурант.

https://youtu.be/Oi7vRx-0nCY

Џејмс Харден одигра уште еден фантастичен натпревар и натпреварот го заврши со 58 поени, седум асистенции и 10 скокови. Неговиот Хјустон славеше победа против Мајами со 121:118.

https://youtu.be/1Ve90RdAV5o

НБА резултати:

Индијана – Минесота 122:115

Орландо – Голден Стејт 103:96

Њујорк – Кливленд 188:125

Хјустон – Мајами 121:118

Оклахома – Филаделфија 104:108

Денвер – Јута 104:111

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…