Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ и со одиграни 15 минути беше најдобар кај Денвер, дабл-дабл на Дончиќ, Лејкерси ги добија Спарси

Јокиќ и со одиграни 15 минути беше најдобар кај Денвер, дабл-дабл на Дончиќ, Лејкерси ги добија Спарси

Изминатата ноќ во НБА лигата беше обележана со повредата на МВП во регуларниот дел од сезоната, Никола Јокиќ.

Во еден од најинтересните натпревари вечерта Денвер гостуваше кај Јута, а Јокиќ одлично влезе во натпреварот и беше незапирлив. За 15 минути на паркетот успеа да постигне 24 поени и го играше еден од своите најдобри натпревари пред да се повреди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар имаше судир со Руди Гобер, доби незгоден удар во коленото и не можеше да го продолжи мечот. На крајот Јута го доби натпреварот со 122:110. Јокиќ интересно беше најефикасен на натпреварот иако не играше три четвртини. Од друга страна Гоберт имаше 23 поени и 16 скокови. Бојан Богдановиќ го заврши натпреварот со 15 поени.

Според првите информации не се работи за толку сериозна поивреда и прогнозите за опоравувањето се оптмиимистични.

Одличен натпревар и дабл-дабл учинок од 26 поени и 14 скокови оствари Лука Дончиќ во победата на Далас против Хјустон со 116:106.

Најголема неизвесност беше видена во Сан Антонио каде што Спарсите после продолженија изгубија од Лејкерси со 121:125. Одлични во победничкиот тим со по 35, односно 33 поени беа Ентони Дејвис и Расел Вестбрук.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њујорк Никси – Филаделфија 112:99, Оклахома – Голден Стејт 98:106, Далас – Хјустон 116:106, Сан Антонио Спарс – Лејкерси 121:125 (пп), Јута – Денвер 122:110

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…