Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ и Дончиќ одлични, Далас го доби Денвер, Спарси ги изненадија шампионите 🎥

Јокиќ и Дончиќ одлични, Далас го доби Денвер, Спарси ги изненадија шампионите 🎥

Изминатата вечер беше одигран одличен натпревар помеѓу Денвер и Далас, а Маверикси славеа послеа продолженија со резултат 124:117.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Беше ова и одлична пресметка помеѓу двата играчи кои се сметаат за зрели за МВП титулата. Од едната страна Дончиќ, а од другата Јокиќ.

Јокиќ уфрли 38 поени и додаде уште 11 скокови и четири асистенции, додека Дончиќ на другата страна имаше исто така 38 поени, но со 13 асистенции и девет скокови.

https://youtube.com/watch?v=AJsf4ax1exc

Бруклин Нетс со 122:109 славеа против Филаделфија во дербито на источната конференцијата. Харис во недостаток на Ирвинг и Дурант ги предводеше Нетси со 28 поени, додека Леверт додаде 22 со седум скокови и 10 асисстенции. Милтон кај Филаделфија со 24 поени беше подобар од останатит. Ембид го заврши мечот со 20 поени и 12 скокови.

Сан Антонио приреди изненадување во „Стејплс Центарот“ совладувајќи ги Лејкерси со 118:109. Олдриџ беше одличен со 28 поени во победничкиот тим, додека Леброн уфрли 27 поени и 12 асистенции кај Лејкерси, Ентони Дејвис мечот го заврши со 23 поени и 10 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…