Никола Јокиќ игра одлично во НБА лигата, а сега постигна нешто што 58 години не е забележано во НБА лигата.
Денвер изминатата ноќ славеше против Минесота со 123:116, Србинот во овој меч постигна 35 поени и запиша 15 скокови. Со ова Јокиќ стана вториот кошаркар во историјата на НБА лигата кој во првите седум натпревари успеал да стигне до бројка од 75 скокови и асистенции. Вакво нешто му успеа само уште на легендарниот Оскар Робертсон и тоа на два пати (1961/1962 и 1963/1964).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
НБА РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Јута 130:96, Мемфис – Лејкерси 92:94, Денвер – Минесота 123:116, Клиперси – Сан Антонио 113:116, Портланд – Чикаго 108:111