Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни четири натпревари.
Големо внимание на овие простори привлекуваше натпреварот помеѓу Денвер и Далас, тоа беше судир на Србинот Никола Јокиќ и Словенецот Лука Дончиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На крајот се радуваше Јокиќ бидејќи неговиот Денвер славеше со 126:118 за седма победа во низа на домашен терен.
Српскиот кошаркар за 35 минути поминати на паркетот уфрли 32 поени и запиша 16 скокови и четири асистенции.
https://youtu.be/GrrMwraFBeM
Додаде Јокиќ и три украдени топки од кои една беше на нешто повеќе од две минути пред крајот кога во продор беше токму Дончиќ. Далас тогаш тргна во контра кога на семафорот стоеше 119:112. Доколку Словенецот погодеше за -5 можеби ќе имавме и поинаква завршница.
Дончиќ исто така одигра одличен натпревар, уфрли 23 поени за Далас. Додаде и 12 асистенции, што е негов рекорд во НБА лигата.
https://youtu.be/3Nn44z3__F0
Харисон Барнс беше најефикасен во редовите на Далас, додека во Денвер го Џамал Мареј го следеше Јокиќ со 22 поени. Од тие 22 поени 10 уфрли во последната четвртина.
Денвер со оваа победа стигна до скор од 21:9 што е најдобар старт за клубот сметајќи ги првите 30 натпревари.
Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз од Бруклин од 115:110.
На Лејкерси не им помогна одличниот настап на Леброн Џејмс кој стигна до дабл-дабл учинок со 36 поени, 13 скокови и 8 асистенции. Додека кај Бруклин Бал со 23 поени беше најефикасен.
https://www.youtube.com/watch?v=vn-8VuCq9D8
Во останатите два натпревари Кливленд ја победи Индијана на гостински терен со 91:92, додека Атланта беше подобар од Вашингтон со 118:110.