Дома Останати Кошарка Јокиќ за одлуката да не игра за Србија: Повторно би го направил истото

Јокиќ за одлуката да не игра за Србија: Повторно би го направил истото

МВП-то во НБА лигата минатата сезона уште еднаш ја образложи својата одлука кога во прашање е играњето за репрезентацијата.

Кошаркарската репрезентација на Србија изминатото лето доживеа фијаско. Избраниците на Кокошков на турнирот кој беше квалификации за олимписките игри во Белград во финалето беа поразени од Италија и не се пласираа во Токио. Работите можеби ќе беа поинаку ако Јокиќ не го откажеше играњето за Србија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу критики доби од српската јавност поради таквиот негов потег, но Јокиќ тврди дека и повторно би ја донел истата одлука.

„Ја донесов таа одлука. Дали била добра или не, не знам, но јас се држам до неа. Повторно би го направил истото“, истакна Јокиќ.

Јокиќ наскоро чека дете со својата сопруга.

„Наскоро на мене и мојата сопруга ни пристигнува бебе и тоа е најважната работа во мојот живот“, истакна НБА ѕвездата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брони Џејмс знаел да игра кошарка: Синот на Леброн блесна и ги замолче критичарите (Видео)

Ова лето НБА драфтот најмногу беше запаметен по Брони Џејмс, кој беше избран како 55-ти пи…