Никола Јокиќ одново одигра одличен натпревар за Денвер.
Денвер стигна до победа на гостински терен против Мемфис од 92:95.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Српскиот центар водеше голема борба под кошот со Шпанецот Марк Гасол кој натпреварот го заврши со 28 поени, додека Јокиќ имаше 24.
https://youtu.be/HAOwr2S_FeA
Натпреварот беше супер интересен и беше решен во последните секунди од натпреварот.
Јокиќ последниот удар на Гризлите им го зададе кога на 28 секунди пред крајот постигна тешки поени, токму преку Гасол за водство на Денвер од 93:92.
Nikola Jokic with a cold-blooded lay in to give Nuggets the lead pic.twitter.com/UjZOzgCT26
— The Render (@TheRenderNBA) January 29, 2019
Во наредниот напад малку недостасуваше Мемфис да стигне до водство, бидејќи Кајл Андерсон на три секунди пред крајот постигна неверојатен кош преку таблата, но судиите утврдија дека ја нагазил линијата, па неговите поени беа поништени. Во продолжени Денвер со слободните фрлања на Херис ја потврди победата.
Конли со шут од половина терен можеше да донесе продолжение, но промаши и Денвер стигна до 34-тиот триумф во сезната.
Никола Јокиќ беше најефикасен во редовите на својата екипа со споменатите 24 поени, а запиша и пет скокови. Покрај него се истакнаа Вили Бартон со 20 и Малик Бизли со 18 поени.
Голден Стејт ја совлада Индијана на гостински терен со дури 32 поени предност. Стеф Кари постигна 26 поени и Казинс 22 кој после тешката повреда се врати во ритам.
НБА резултати
Шарлот – Њујорк Никси 101:92
Индијана – Голден Стејт 100:132
Бостон – Бруклин 112:104
Мемфис – Денвер 92:95
ЛА Клиперси – Атланта 118:123