Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ го водеше Денвер до победа, Торонто и Сакраменто ја одбранија честа на гостите (ВИДЕО)

Јокиќ го водеше Денвер до победа, Торонто и Сакраменто ја одбранија честа на гостите (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Екипите на Торонто и Сакраменто беа единствените кои победија на гостински терен. Торонто го доби Кливленд со 109:115. Најефикасен во редовите на актуелниот шампион, а воедно и на натпреварот беше Серж Ибака со 26 поени.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Втората гостинска победа ја однесе Сакраменто против Клиперси. Србинот Богдан Богдановиќ натпреварот го заврши со солиден учинок од 15 поени, шест скокови и три асистенции. Најефикасен беше беше Фокс со 34 поени, 3 скока и 8 асистенции.

Денвер со 106:100 ја совлада Јута. Никола Јокиќ беше најефикасен со 23 поени, 10 асистенции 4 скокови. Ова беше натпревар со многу пресврти и едните и другите се менуваа во водство, на крајот подобар беше Денвер.

Атланта со 127:117 беше подобра од Филаделфија, Вашингтон славеше против Шарлот со 121:107, а Бостон однесе триумф во непрепознатливиот Голден Стејт, 119:104.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…