Дома Кошарка Јокиќ во натпреварот во кој Србија освои бронза испиша историја

Јокиќ во натпреварот во кој Србија освои бронза испиша историја

Никола Јокиќ зад себе има одличен турнир на Олимписките игри во кој со Србија стигна до бронза, а успеа и да го запише своето име во историја.

Против Порторико за малку не дојде до трипл-дабл, но тоа му успеа денеска во натпреварот за бронза против светскиот шампион. Јокиќ на шест минути до крајот дојде до трипл-дабл и средбата ја заврши со 19 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Со овој трипл-дабл Јокиќ стана само четвртиот кошаркар на кого му успеало вакво нешто.

Претходно тоа им успеало на Леброн во полуфиналето токму со Србија, Лука Дончиќ во 2021 година и Сергеј Белов во 1976 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Николов и Фримен го урнаа шампионот, Бадел со полн плен од Крива Паланка

Бадел 1862 славеше со 88:80 во второто коло и го остави бранителот на титулата без победа.…