Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ блеска: Чудесна асистенција и дабл-дабл во победата против Сан Антонио 🎥

Јокиќ блеска: Чудесна асистенција и дабл-дабл во победата против Сан Антонио 🎥

Кошаркарите на Денвер убедливо славеа против Сан Антонио со 126:101 во натпревар во кој повторно блескаше Никола Јокиќ. Средбата српскиот ас ја заврши со 21 поен, 10 асистенции и шест скока.

Победата Денвер ја најави уште во првото полувреме во кое водеше со 70:59. Токму и затоа Јокиќ одигра само 26 минути и тоа беше доволно за натпревар за паметење. Јокиќ го имаше и најдобриот потег на мечот кога испрати супер асистенција помеѓу тројца противнички кошаркари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интересно беше во Орландо каде што домаќините беа поразени против Сакраменто со 123:126. Херој на вечерта беше Диарон Фокс кој победничкиот кош за својот тим го постигна од прилично голема далечина. Орландо прокоцка предност од скоро 20 поени. Фокс беше најдобар кај гостите од Калифорнија со 37 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо-Сакраменто 123-126, Шарлот – Бруклин 94-98, Атланта – Њу Орлеанс 124-121 (п), Њујорк – Бостон 118-133, Милвоки – Оклахома 108-94, Минесота – Хјустон 129-117, Денвер – Сан Антонио 126-101, Феникс – Портланд 102-82.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…