Лука Јовиќ после само една сезона ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во Серија А, тврдат италијанските медиуми.
Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најсилен интерес за српскиот напаѓач покажа Милан кој од поодамна започна преговори со неговиот агент Фали Рамадани, а сега ја испратил и првата понуда до Реал Мадрид.
Милан нуди 7 милиони евра за двегодишна позајмица плус 35 милиони евра за задолжителен откуп и 3 милиони евра како бонуси.
Целата трансфер операција ќе ги чини „росонерите“ 45 милиони евра, а шпанските медиуми тврдат дека Реал е спремен да ја прифати понудата.