Дома Македонски спорт Мак ракомет Јовиќ откри што е потребно за Металург да го изненади Мотор Запорожје

Јовиќ откри што е потребно за Металург да го изненади Мотор Запорожје

Металург в сабота против Мотор Запорожје ќе се обиде да стави крај на серијата од пет порази во сите натпреварувања.

Металург на последните пет натпревари во Лигата на шампионите има само една победа, Украинскиот шампион е претпоследниот противник на „металурзите“ оваа сезона во ЛШ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Натпреварот со Мотор на гости мислам дека беше нашиот најдобар оваа сезона. В сабота Мотор ја има фаворитската улога. Тоа е искусен и квалитетен тим. Нашата шанса да ги изненадиме ја гледам во нашата одбрана каде што на последните натпревари не играме добро. Ако играме добро во одбраната, тогаш и нашите голмани ќе имаат повеќе одбрани, тоа е еден од условите за добар резултат“, рече тренерот на Металург, Александар Јовиќ, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот.

Јовиќ повеќе од еден месец го предводи тимот бидејќи првиот тренер, Лино Червар, не е со екипата поради ангажманот што го има во хрватската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…