Лука Јовиќ уште во текот на летото би можел да го напушти Сантијаго Бернабеу.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
Ретко добива шанса, а шпански Дон Балон пишува дека е ‘пречкртан’ во плановите на Зинедин Зидан.
Јовиќ оваа сезона одигра вкупно 24 натпревари и постигна само два гола, и двата во Ла Лига.
Дон Балон наведува дека прв во редот заинтересирани за неговите услуги е италијански Наполи.
Нормално, проблем ќе претставува откупната сума, а наводно од Наполи се спремни на договор за позајмица со можност за откуп на договорот.
Претходно Јовиќ се поврзуваше со Интер, Милан, Арсенал…