Дома Фудбал Германија Јоаким Лев заврши во болница

Јоаким Лев заврши во болница

Јоаким Лев нема да ја предводи германската репрезентација во следните два натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот селектор заврши во болница и таму ќе остане во следните денови, а со тоа нема да може да ја предводи репрезентацијата во дуелите против Белорусија и Естонија.

Лев пред неколку недели доживеа бизарна несреќа. Му паднал тег на прстите и тоа му предизвикало проблеми, па морал да биде хоспитализиран.

„Третманот оди добро, но лекарот не советуваше селекторот да биде поштеден во наредните натпревари. Затоа Маркус Сорг ќе ја предводи репрезентацијата.“ – соопштија од фудбалската федерација на Германија.

Се огласи и Јоаким Лев.

„Се чуствувам добро, но морам да одмарам во следните четири недели. Во контакт сум со екипата, имаат искуство и ова ќе го надминеме.“ – рече Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нова „војна“: Потегот на Реал го шокираше ПСЖ, но тие веднаш се одмаздија жестоко

На фудбалското небо се отвори нова „војна“ бидејќи челниците на ПСЖ се навистина лути на Р…