Јелена Антиќ, предводникот на нашата женска јуниорска селекција има свои размислувања по завршувањето на ФИБА „Челенџерот“ во Софија во кој остваривме ефект од две победи и три порази.
„Многу ми е драго за овие девојки што успеаа да остварат две победи. Не беше лесно, особено после повредата на Ана Цветковска која е сигурно еден од лидерите на оваа генерација. Но оваа група на девојки ја краси една упорност и желба и среќна сум што почуствуваа дека можат да покажат многу повеќе од тоа што покажувале до сега во изминатите години“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот на репрезентацијата „Под 18“ години смета дека оние две победи се доста важни за нашата селекција, но и дека тука „не е крајот на приказната“…
„Остваривме две победи и три порази. Но и против екипите на Украина и Бугарија сметам дека покажавме една солидна и коректна игра. Едноставно недоволната физичка подготвеност и можеби неискуството беше пресудно. Сакам да напоменам дека не смееме да се задоволуваме со еден ваков скор. Ова треба да биде поттик и додатна мотивација за нив, да продолжат да тренираат и да вложуваат во себе, во исто темпо како во изминатите месец и пол дена“ – ја затвора Антиќ софиската „приказна“ на нашата женска јуниорска репрезентација.