Дома Фудбал Германија Ја „чекираше“ новата титула: Баерн Минхен е старо-нов фудбалски шампион на Германија

Ја „чекираше“ новата титула: Баерн Минхен е старо-нов фудбалски шампион на Германија

Тимот на Баерн Минхен по 27. пат во историјата и 5. пат по ред е шампион на Германија откако денеска и теоретски ја потврди титулата славејќи на гостувањето кај Вофлзбург со 0-6.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На три кола пред крајот на првенството Баварците се издвоија на 10 поени предност, откако второпласираниот Лајпциг денеска одигра 0-0 со Инглоштад.

Давид Алаба, Арјен Робен, Томас Милер, Јошуа Кимих и два пати Роберт Левандовски беа прецизни за Баерн Минхен на денешниот натпревар.

Ова 31. коло завршува утре со дуелите Хофенхајм – Ајнтрахт и Аугсбург – Хамбург.

Табела: Баерн Минхен 73 бодови, Лајпциг 63, Борусија Дортмунд 57, Хофенхајм 55 (-1 натпревар), Херта 46, Вердер 44, Фрајбург 44

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…