Изгледа дека оваа година ја гледаме една од најдобрите сезони во Лигата на Шампионите.
Иако до крајот можеме да погледнеме уште само три натпревари, изгледа дека уште од сега е срушен рекордот по бројот на постигнати голови во една сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По спектакуларните натпревари во четвртфиналето, повторно не изненадија и во полуфиналето и повеќе не знаеме што ќе биде до крајот. Првите натпревари во полуфиналето беа спектакуларни, особено оној на „Енфилд“. Ливерпул си поигра со Рома и поведе со 5:0, но „Волчицата“ успеа да се подгине и постигна два гола кои и даваат шанса за во оваа луда сезона да помине во големото финале. По тој натпревар, следуваше и натпреварот во Минхен, каде што Реал славеше против Баерн со 2:1.
По тие натпревари, официјално можеме да кажеме дека е срушен рекорд по број на постигнати голови во една сезона во Лигата на Шампионите, а тој сега изнесува 387. Во просек, се постигнува гол на секои 28 минути. Најдобриот стрелец во досегашниот дел е се разбира Роналдо кој постигна дури 15 гола, а зад него е дуото на Ливерпул Фирмино-Салах со по 10 гола.
Со оглед на тоа што до крајот останаа уште три натпревари и дека Баерн и Рома мораат да го бркаат резултатскиот минус, очекуваме да паднат уште неколку гола и овој рекорд дополнително да се подобри. Потсетуваме дека реваншите од полуфиналето се играат следната недела.