По ремито 0:0 со Србија, Данците обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето. Избраниците на тренерот Каспер Хјулманд одиграа колку што беше доволно за да се постигне поволен резултат и сега ги чека осминафиналето.
Србија ги пакува куферите, а по натпреварот Хјулманд истакна дека селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси го изненадил со изборот на играчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Да бидам искрен, да, во шок сум. Го немаше Влаховиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Тадиќ… Самарџиќ ми се допаѓа како играч, имаше одлична сезона во Удинезе, беше одличен пред некој ден и го очекував против нас. А знаевме дека ќе се соочиме со момците кои останаа на клупата во вториот дел, бидејќи Србите кои влегоа беа свежи, не притиснаа со четворица напаѓачи и очигледно тоа беше планот на тренерот Стојковиќ.
За среќа, успеавме да одговориме на тоа – истакна данскиот стратег и призна дека не ги земал предвид жолтите картони, кои биле клучни во дуелот со Словенија и борбата за второто место на табелата:
Не мислев на тоа, но се договоривме пред натпреварот да не добиеме некој глупав картон. Не можете да играте на важен натпревар мислејќи дали ќе бидете санкционирани или не.