Дома Останати Кошарка НБА Јанис со 47 поени ги уништи Лејкерси, Далас не издржа без Дончиќ 🎥

Јанис со 47 поени ги уништи Лејкерси, Далас не издржа без Дончиќ 🎥

Во изминатата вечер во НБА лигата се одиграа неколку интерсни дуели.

ЛА Лејкерси не пронајдоа решение за Јанис Антетокумпо. Грчкиот кошаркар уфрли дури 47 поени и ги водеше Милвоки до триумф (109:102). Мидлтон го изедначи рекордот на франшизата по бројот на тројки и со 1051 тројка го стигна Реј Ален на вечната листа. Без Леброн не им оди на Лејкерси. Ова беше осми натпревар кој Леброн го пропушти, а тимот славеше само на три натпревари без него. Најефикасни во нивните редови беа Хартон Такер со дабл-дабл од 25 поени, 12 скокови и 3 асистенции, како и Вестбрук кој уфрли 19 поени, додаде 15 асистенции и 4 скока. Треба да се спомене дека покрај 47-поени Јанис придодаде уште 9 скока и 3 асистенции.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Феникс е во голема форма, стигнаа до десет победи во низа, а изминатата ноќ беа подобри од Далас (105:98). Одиграа четвртина во која на гостите од Тексас им уфрлија 37 поени. Далас добро го почна мечот без Дончиќ, одлично се држеа, но попуштија во последната четвртина која Феникс ја доби со 37-25. Букер беше најефикасниот во победничкиот тим со 24 поени и 9 скока, додека Хардвеј кај Далас стигна до 22 поени, 2 скока и 4 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Вашингтон 97:87, Детроит – Индијана 97:89, Атланта – Бостон 110:99, Бруклин – Кливленд 109:99, Мајами – Њу Орлеанс 113:98, Милвоки – Лејкерси 109:102, Њујокр – Орланд 98:104, Минесота – Сакраменто 107:97, Оклахома – Хјустон 101:89, Феникс – Далас 105:98, Портланд – Чикаго 112:107.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…