Дома Македонски спорт Мак фудбал Јаневски пред Фенер: Резултатот не смее да не залажува, играме против европски гигант!

Јаневски пред Фенер: Резултатот не смее да не залажува, играме против европски гигант!

Новиот тренер на македонскиот шампион Вардар, Чедомир Јаневски, имаше одличен старт на клупата на црвено-црните.

Вардар во првиот натпревар го совлада Фенербахче со резултат 2:0, но Јаневски истакна дека Фенербахче е исклучително силен противник и дека во ниту еден случај не смееме да помислиме дека сме ја завршиле работата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Пред нас е голем противник, не се плашиме, дојдовме тука да се надигруваме но во ниту еден случај не смееме да помислиме дека веќе сме во групната фаза. Имаме добар резултат, тоа е јасно, но играме против еден европски гигант за кого нема потреба да се трошат зборови. Ние доаѓаме тука со предност, но тие со себе имаат огромно искуство, знаеме и дека целиот стадион утре ќе биде против нас. Но, иако краток период сме заедно, сигурен сум дека моите играчи ќе дадат се од себе за повторно да ја израдуваат Македонија“, изјави Јаневски.

Македонскиот шампион реванш натпреварот против Фенербахче ќе го одигра утре со почеток во 19:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…