Дома Македонски спорт Мак фудбал Јаневски: Некои работи не се купуваат со пари!

Јаневски: Некои работи не се купуваат со пари!

Вардар забележа две победи во плеј-офот од Лига Европа и се пласираше во групната фаза. Најпрво во Скопје беше совладан Фенербахче со 2:0, а вечерва во Истанбул истиот тим беше поразен пред своите гледачи со 1:2.

„Најпрво сакам да им кажам благодарам на домаќините и нивниот пречек кон Вардар во Истанбул. Потоа, честитки до сите мои играчи, кои забележаа две победи во плеј-офот против тим како што е Фенербахче“, започна Јаневски.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Многумина можат да кажат дека ова е среќа, но кога во седум денови ќе го победите Фенербахче два пати, тогаш е јасно дека се работи за нешто многу повеќе од среќа.

„Ова е доказ дека со напорна работа и труд, ќе дојдат и резултати. Ова не е среќа, туку исполнување на голема желба со мудра работа. Вардар е гордоста на Македонија. Верувајте ми, оваа среќа не може да се купи со пари“, додаде Јаневски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…