Дома Останати Кошарка НБА Јанг со рекорд на кариерата го сруши Денвер, Лејкерси едвај против Феникс (ВИДЕО)

Јанг со рекорд на кариерата го сруши Денвер, Лејкерси едвај против Феникс (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Кошаркарите на Атланта направија големо изненадување и со победа против Денвер во Колорадо со резултат 125:121 ја прекинаа серијата од три порази.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наџентси се поразени после четири победи во низа, а дуелот во „Пепси Центарот“ го обележа одличниот Треј Јанг кој постигна 42 поени со шут за три 8/13.  Денвер одлично го започна натпреварот и после три минути водеше со 12:0, но гостите предводени од расположениот Јанг одржуваа рамнотежа и во финишот на првото полувреме дојдоа до 58:47.

Хокси во истиот ритам играа и во третиот период, често пати имаа и двоцифрена предност. Јокиќ и друштвото не успеваа да се приближат се до 40-тата минута кога Гери Херис изедначи на 101:101. Но, тука гостите направија мини серија од 6:0 и повторно благодарение на Јанг се одлепија и таа предност ја чуваа до крајот.

Јокиќ на 25 секунди до крајот намали на 123:119, но веќе немаше време за пресврт.

Јанг со 42 поени постави личен рекорд, а имаше уште 11 асистенции, го следеа Џабари Паркер со 20 и Лен со 17. Кај Денвер Вили Бартон уфрли 21 поен, Јокиќ 20 и запиша уште шест скока, а Пол Милисап 19.

Лос Анџелес Лејкерси во одличен меч беа подобри од Феникс Санс со 115:123. Пресудна во овој натпревар беше серијата од 12:2 во последните три ипол минути кога гостите од Калифорнија од минус два го обезбедија триумфот со кој останаа на врвот на Западот со учинок 8-2.

Ентони Дејвис беше најефикасен со 24 поени и 12 скокови, Кајл Кузма додаде 23, Леброн оствари учинок од 19 поени 7 скокови и 11 асистенции. Кај Санси најефикасни беа Девин Букер и Рики Рубио со по 21 поен. Букер додаде и 9 асистенции, додека Руби една повеќе.

Јута во Солт Лејк Сити го победи Бруклин со 119:114 и стигна до четвртата победа во низа со што остана на втората позиција на Западот со скор 8-3. Нетси на полувреме имаа 15 поени предност (68:53), но Јута успеа да направи пресврт благодарение на добрата игра во последната четвртина која ја добија со 35:22. Се истакна Донован Мичел кој постигна 30 поени, Мајк Конли запиша 18 поени, колку и Руди Гобер кој додаде и 15 скокови. На другата страна Кајри Ирвинг постигна 27 поени и пет асистенции, а Спенсер Динвиди уфрли 21 поен.

НБА резултати:

Индијана – Оклахома 111:85

Филаделфија – Кливленд 98:97

Мајами – Детроит 117:108

Чикаго – Њујорк Никси 120:102

Денвер – Атланта 121:125

Феникс – Лејкерси 115:123

Јута – Бруклин 119:114

Сакраменто – Портланд 107:99

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…