Дома Фудбал Ѕвездите на Реал Мадрид добиле богатство за елиминацијата на Атлетико од ЛШ

Ѕвездите на Реал Мадрид добиле богатство за елиминацијата на Атлетико од ЛШ

Реал го исфрли Атлетико во мадридското дерби од осминафиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар на Бернабеу домаќинот победи со 2:1. Реваншот на Метрополитано му припадна на Атлетико со 1:0. По продолженијата резултатот остана ист, па победникот беше одреден со пенали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал беше поуспешен во изведувањето пенали и славеше бурно откако го исфрли еден од своите два најголеми ривали од Лигата на шампионите на неговиот терен. Сега играчите на Реал имаат причина за ново големо славје по овој триумф.

Мигел Анхел Диаз, новинар на радио станицата „Копе“, добро запознаен со ситуацијата во Реал, откри дека по одлука на претседателот Флорентино Перез сите играчи на Реал добиле по 250 илјади евра премија за исфрлањето на Атлетико и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Таму ги чека Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …