Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Челзи одби нов договор

Ѕвездата на Челзи одби нов договор

Младата ѕвезда на Челзи, Тами Абрахам одби да стави потпис на нов договор со „сините“, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот талент оваа сезона игра се поретко, особено после доаѓање на новиот менаџер, Томас Тухел.

Притоа, Челзи е во потрага по нов напаѓач за следната сезона, па верува дека додатно ќе се намали неговата минутажа.

Актуелниот договор на Абрахам истекува во 2023 година и во моментов тој не сака да преговара за продолжување на соработката, пред да биде сигурен каква улога ќе има во тимот.

Голема е веројатноста напаѓачот на лето да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, но Челзи не сака да се откаже од него и можно е да го испрати на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инцидент на Мундијалот: Скандал и тепачка во тимот, драма и на тренингот!

Атмосферата во репрезентацијата на Панама целосно ескалираше пред последниот натпревар од …