Десниот бек на Челзи и англиски репрезентативец, Рис Џејмс е на врвот на листата желби на Реал Мадрид, пренесува „АС“.
Во шпанскиот гигант го гледаат 23-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“.
Џејмс има договор со Челзи до 2028 година и Челзи не размислува за негова продажба, но има финансиски проблеми и на лето ќе мора да продава фудбалери.
Доведување на десен бек ќе биде приоритет на „кралевите“ ова лето, а како опција се споменува и Жоао Кансело, кој моментално игра на позајмица во Баерн.