Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Тотенхем: Време е за трофеј!

Ѕвездата на Тотенхем: Време е за трофеј!

И покрај големиот интерес од страна на европските гигнати, Хари Кејн остана во Тотенхем, но сака да почне да освојува трофеи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хари Кејн јасно порача дека му е време да почне да освојува трофеи бидејќи се наоѓа во фудбалска зрелост.

„Направивме огромни чекори за мал временски период, а единствен пат напред е освојување на трофеи. Моментално сме во најдобрите години од кариерата и со сигурност нема да стануваме помлади. Веќе имаме доволно искуство и сакаме да освојуваме трофеи“, изјави Кејн.

„Мислам дека сме блиску до најдобрата форма. За менаџерот ова е веќе 5-та сезона тука. Се познаваме одлично како на теренот, така надвор од него. Сега ни се потребни само трофеи“, заклучи англискиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…