Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри отворено се побудни против густиот распоред и се поголемиот товар врз фудбалерите, што може да доведе до штрајк.
Шпанецот ги критикуваше УЕФА и ФИФА поради густиот распоред на натпревари, а исто така посочи дека никој не ги прашувал за мислење.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека штрајк е единствено решение на ситуацијата. Мора да се грижиме за нашето здравје. Ние сме само обични луѓе. Мислам дека со зголемиот број на натпревари, ќе се зголеми и ризикот од повреди“, вели Родри.
„Прашајте било кој играч, сите ќе ви дадат ист одговор. Тоа е мислењето на сите во Европа, не го измислувам јас во моментов. Време е да размислиме што правиме, затоа што не сме на добар пат“, заклучи Шпанецот.