Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.
Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со младиот играч за врска.
„Вистина е дека преговарам со Милан. Тоа е се што можам да кажам, ќе видиме што ќе се случи ова лето“, изјави Собислај.
Собоцлај е голема желба на Ралф Рагник, кој ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона. Германскиот тренер веќе разговарал со играчот и го убедил да се пресели на „Сан Сиро“.