Дома Фудбал Ѕвездата на Реал со поддршка за Солари: Тој е фантастичен тренер!

Ѕвездата на Реал со поддршка за Солари: Тој е фантастичен тренер!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо изјави дека Сантиаго Солари е одличен тренер за кого би дал се на теренот и сака да остане на клупата на „кралевите“.

Солари е именуван како привремено решение после отказот на Лопетеги, а синоќа дебитираше со победа во Куп натпреварот против Мелија.

„Солари е фантастичен тренер, тоа е се што ние како играчи можеме да кажеме. Но, ние не донесуваме одлуки. Можеме да се надеваме дека тој ќе остане на клупата до крајот на сезоната. Веќе долго време е во клубот и има освојувано титули со Реал“, изјави Начо.

„Исто се однесувавме и под водство на Лопетеги, но немавме среќа, работите не се одвиваа така како што се надевавме. Важно е да се вратиме на победнички пат после Ел Класико“, додаде дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…