Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Реал, пристигнува во редовите на калчолигашот и прави кам бек на Чизмата

Ѕвездата на Реал, пристигнува во редовите на калчолигашот и прави кам бек на Чизмата

Матео Ковачиќ уште од летото 2015. година го напушти милански Интер и ги засили редовите на мадридски Реал.

Сепак, не се наигра баш во шпанската престолнина, едноставно немаше место за него покрај сонародникот Модриќ и Тони Крос, оваа сезона ништо не се промени, запиша шест настапи во првата постава, во осум наврати во игра влегуваше од клупата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Коријере дело Спорт“ пренесува дека Рома е заинтересирана хрватскиот фудбалер да го види во своите редови.

Сосопственикот и претседателот на „Волчицата“, Џејмс Палот како што се наведуваше дека направил разговори со Мадриѓаните околу Ковачиќ, а познато е дека екипата би можела да посредува и околу голманот, Алисон Бекер, кој високо е котиран на листата желби на Реал.

Сепак, спортскиот директор на Рома, Мончи не сака да го вклучи Алисон во било каква приказна врзана за Ковачиќ, со оглед на тоа дека се верува дека за услугите на бразилскиот чувар на мрежата може да добие голема сума на пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…