Дома Фудбал Ѕвездата на Реал за трансферот на Мбапе: Во моментов тоа не ми е грижа

Ѕвездата на Реал за трансферот на Мбапе: Во моментов тоа не ми е грижа

На Килијан Мбапе (25) договорот со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната, а потоа според информациите на бројни светски медиуму би требало да замине во Реал Мадрид како слободен играч.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За овој трансфер се пишуваше и минатата година, а беше блиску до комплетирање во текот на летото, но Мбапе изненадувачки ја продолжи соработката со Парижаните.

Новинарот на Скај, Флоријан Плетенберг разговараше со Аурелиен Чуамени (24), играчот од средниот ред на Франција и Реал Мадрид, за време на репрезентативната пауза.

Со оглед на тоа што игра со Мбапе во репрезентацијата и според сите проценки, наскоро ќе бидат клупски соиграчи, Плетенберг го праша кога Килијан ќе објави дека оди во Реал.

„Искрено, во овој момент тоа не ми е грижа“, со насмевка одговори Чуамени, а потоа додаде: „Ќе видиме што ќе се случи. Моментално е член на ПСЖ. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дански доктор откри нови детали за Ериксен (Видео)

Кристијан Ериксен колабира на пријателскиот меч меѓу Данска и Украина, а сега пристигнуваа…