Дома Фудбал Ѕвездата на Нигерија испрати порака до Меси и Аргентина

Ѕвездата на Нигерија испрати порака до Меси и Аргентина

Ахмед Муса и донесе три бода на Нигерија против Исланд, но истовремено ја „остави во живот“ аргентинската репрезентација.

Нигерија и Аргентина во третото коло ќе одлучуваат за својата судбија, но се зависи и од исходот на мечот Хрватска – Исланд.

Муса испрати порака до „гаучосите“ и е убеден дека ќе постигне гол против Меси и компанија.

„Секогаш кога Лионел Меси игра против мене постигнувам гол. Пред четири години, во Бразил, постигнав два гола против Аргентина. Мислам дека многу лесно ќе ја затресам мрежата на Аргентина. Ја знаеме тежината на тој меч, мораме да го добиеме доколку сакаме осминафинале. Сметам дека оваа селекција го има тој квалитет“, изјави Муса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го следи Калвани, Џенова ги мерка Камарда и Комото

Тројца млади Италијанци се во фокусот на Милан и Џенова, но „росонерите“ не сакаат трајно …