Иако во текот на летото Ливерпул скоро и да не потроши ништо на засилување тимот на Клоп одлично влезе во новата сезона.
Во Премиер лигата Ливерпул после осум кола оствари максимален учинок и имаат дури одум бода предност пред Манчестер Сити кој се очекува да биде нивни најсериозен кандидат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одличниот почеток и тоа како им дава право да се надеваат дека ова може да биде нивна сезона.
„Ливерпул Ехо“ пишува дека Клоп нема намера премногу да троши во зимскиот преоден рок, но дека на неговиот радар се наоѓаат тројца играчи.
Како прва мета означен е Дани Олмо, ѕвездата на Динамо Загреб. Втор на листата е Давид Нерес од Ајакс. Бразилецот беше фантастичен во минатата сезона, остана во Амстердам сепак не се очекува да се задржи уште долго.
Зад овие двајца се најде името на младиот Унгаец, Доминик Шзболаи кој игра во Салзбург и кој Клоп имаше прилика да го види на дело во средата навечер кога Ливерпул го победи овој тим со 4:3.