Џими Конорс, поранешниот светски број 1 и рекордер по број на освоени АТП турнири (105), имаше интересен коментар за учеството на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конорс истакнува дека никој не води толку грижа за своето тело како 37-годишниот Новак Ѓоковиќ и дека би сакал засекогаш да го гледа.
„Новак Ѓоковиќ има противник кој не може да го победи. Тоа не се ниту Синер ниту Алкараз, туку годините. Едноставно, неизбежно е на еден момент да кажете доста. Исто како и Новак, и јас се соочувам со истото прашање, бидејќи играв до 43 години. Само е прашање до кој степен сакате да играте“, рече Конорс.
.