Поранешниот македонски фудбалер, а денес тренер на Муантог Јунајтед, Марио Ѓуровски во интервју за српскиот „Мондо“ зборуваше на разни теми.
Една од темите беше репрезентацијата на Македонија. Ѓуровски дел од репрезентацијата беше во периодот помеѓу 2010 и 2011 година кога Македонија беше предводена од Мирсад Јонуз и Џон Тошак.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Македонија е нешто најубаво што ми се случило. Феноменално е кога имаш прилика да играш против најдобрите во Европа. Одлично беше да се игра заедно со Горан Пандев. Благодарен сум на сите кои ми дадоа прилика да заиграм за Македонија“.
За Пандев има само пофални зборови.
„Среќен сум поради историскиот пласман на ЕП. Голема работа е на тие години со една мала репрезентација да се пласирате на Европското. Тоа нереален успех за македонскиот фудбал и навистина сум среќен“, изјави Ѓуровски.
Целото интервју на Ѓуровски прочитајте го – тука.