Поранешниот репрезентативец на Македонија, Милко Ѓуровски зборуаше за успехот на Македонија и пласманот на нашата селекција на Европското првенство.
За Ѓуровски победата на Македонија било изненадување, но не некоја огромна сензација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Оваа Македонија искористи се што донесе Лигата на Нации. Добро е кога имате натпреварување каде што цело време играте против рамноправни противници. Освојувате бодови и се полните со самодоверба, така полесно можете да се надигрувате со фудбалски гигант. Германците не се веќе Германци, имаат многу странци во репрезентацијата. Веројатно мислеа дека ќе ни дадат пет гола пред натпреварот, но кога во репрезентацијата има играчи како Пандев, Елмас и уште неколкумина никој не смее да ве потцени“, изјави Ѓуровски.